Омилената Биби и нејзиниот свет од недела во 19.10 часот најмладите гледачи ќе можат да ги следат и на Македонската радио-телевизија. Секој нареден работен ден, во истиот термин, дечињата ќе можат да проследат програма од десетина минути во која ќе другаруваат со Биби, Боби, Зази и со пријателите.

– Македонската телевизија со задоволство објавува дека на своите најмлади корисници ќе им го понуди светот на прекрасната Биби. Јавниот сервис има задача да понуди поинаква, универзална, различна содржина. Оттаму дојде идејата во програмската шема да се најдат и „Сказните на Биби“ секој работен ден, пред ТВ Дневник 2 – вели Анета Андонова, уредничка на првиот програмски сервис на МТВ.
Едукативната анимирана програма „Светот на Биби“ е исклучиво македонски телевизиски производ.