Тим научници од универзитетот „Кјото“ развија необичен метод за откривање на коронавирусот. Тие тврдат дека антителата на ноевите им овозможиле да дизајнираат светлечки маски што помагаат да се утврди дали некое лице е заразено со коронавирус.
Јапонските научници им инјектирале на ноевите неактивен и безопасен облик на коронавирус, а потоа ги извадиле антителата на специјален филтер, поставен во внатрешноста на маската. Овој филтер свети под УВ-светлина кога е присутен коронавирусот.
Откако следеле 32 заразени лица во период од десет дена, научниците откриле дека сите маски што ги носеле заразените блескаат. Сјајот избледувал со текот на времето додека вирусот ослабнувал.
Претседателот на универзитетот и водач на проектот Јасухиро Цукамото вели дека лично открил дека и самиот бил заразен со коронавирус откако носел една од експерименталните маски. Планот на неговиот тим е да спроведе експеримент со 150 учесници и да добие дозвола од Владата за продажба на маските следната година.
Можеме масовно да произведуваме антитела од ној по ниска цена. Во иднина сакаме да го претвориме ова во лесна алатка за тестирање што секој може да ја користи – истакна Цукамото.