Познатата хрватска пејачка Сања Долежал, долгогодишен вокал на популарниот состав „Нови фосили“, од неодамна работи на новиот мјузикл „Менопауза“, кој се работи според лиценца, а пред три години се играше на Бродвеј во Њујорк. Покрај Долежал, играат и писателката и актерка Аријана Чулина, водителката Кармела Вуков-Чолиќ и имитаторката Саломе. Дејството се одвива во трговски центар, каде што во продавница за долна облека за градник од тантела борба водат домаќинка, риалити-ѕвезда, претприемачка и хипи-девојка. Сите сфаќаат дека освен желбата за истиот градник, на сите им е заедничко дека се во менопауза. Постои и словенечка верзија на овој мјузикл, во кој главната улога ја толкува пејачката Хелена Благне.