Нов серијал со фотографии на животни направени во скопската Зоолошка градина на фотографот на „Нова Македонија“ Горан Анастасовски се објавени на интернет страницата www.boredpanda.com.

Една обична прошетка низ Зоолошка градина, Анастасовски преку својот објектив ја претвора во возбудливо сафари, единствени фотографии кои без сомнение можат да се најдат и на насловната страница на светски познатиот часопис „Нешенел географик“.

Способноста на Анастасовски да го улови моментот, всушност ја потврдува неговата умешност да ги претстави животните во нивно посебно светло, онака, како што можеби се чувствуваат онаму каде што се свои, во дивината.

– Долги години сум фотограф и животните се во фокусот на моите фотографии и омилен предмет за фотографирање. Бидејќи не бев во можност да заминам во Африка, фотографирав во Зоолошката во Скопје, обидувајќи се да ги направам животните да изгледаат поприродно, онакви, какви што се во дивината – вели Анастасовски.

Целиот серијал на фотографии можете да го погледнете на следниот линк: https://www.boredpanda.com/safari-in-macedonia/?utm_source=google&utm_medium=organic&utm_campaign=organic