Алиса Онишчук (15) исчезнала одејќи на училиште во градот Харкив, Украина, минувајќи по вообичаениот пат низ шумата покрај селото Бабај до железничката станица.

Девојчето исчезнало одејќи на училиште, а нејзината мајка неколку часа подоцна случајно поминувала низ истиот пат и ја забележала патиката на својата керќа. Панично седнала во возот и се упатила во училиштето каде и соопштиле дека Алиса тој ден воопшто не е дојдена.

По 24 часовна потрага на полицијата и волонтерите пронајдено е телото на убиеното девојче, кое било силувано и задавено. Нејзиното лице било прекриено со крв, а на околните гранки биле обесени обезглавени петли – изјавил потпаролот на украинската полиција Викторија Зиновјева.

Полицијата објавила дека е во потрага на осомничен маж на возраст од 35 и 45 години,  кој бил забележан од месното население во близина на железничката станица.