Холивудската ѕвезда Сандра Булок ќе глуми во новиот филм, кој спаѓа во жанрот акција романса – „Загубениот град Ди“, заедно со канадската ѕвезда Рајан Рејнолдс, со кого глумеше во хит-комедијата „Предлог“.
Актерката (56) е и продуцентка на филмот во продукција на „Парамаунт пикчрс“, објави „Холивудски репортер“.
Филмот следи авторка на романса, кој открива дека измислениот град што го прикажала во еден од своите романи е всушност вистински. Таа тргнува на опасно патување за да го најде местото, заедно со актерот што го толкува главниот лик во нејзината книга.
Се шпекулира дека Рајан Рејнолдс ќе ја игра главната машка улога, иако тој сè уште не го ставил својот потпис на проектот.