Македонскиот култен треш-состав „Санаториум“ се враќа на сцената со нова песна насловена „Параноја“.

Новата композиција на „Санаториум“ во целост е авторско дело на членовите на бендот Перо Стефановски, Горан Атанасов, Горан Станковиќ, Бобан Василески и поранешниот гитарист Константин Качев.

Во снимањето на „Параноја“ учествуваа Бобан Василески, Александар Стефановски и Дарко Дарковски, а миксот и мастерингот се дело на Александрос Крисидис. Видеопродукцијата е на тапанарот Горан Атанасов.