Македонскиот култен треш-состав „Санаториум“ се враќа на сцената со нова песна насловена „Параноја“. Таа е моќна, брза и енергична, онаква каква што нивните обожаватели и очекуваат од нив. Ваквото враќање се случува во моменти кога се чини дека тоа е најпотребно за публиката.
Новата композиција на „Санаториум“ е во целост авторско дело на членовите на бендот – Перо Стефановски, Горан Атанасов, Горан Станковиќ, Бобан Василески и ex. гитаристот Константин Качев. Во снимањето на „Параноја“ учествуваа Бобан Василески, Александар Стефановски и Дарко Дарковски, а миксот и мастерингот се дело на Александрос Крисидис.
Видеопродукцијата е на тапанарот Горан Атанасов.