Пратеникот на американскиот Конгрес,  Ричард Кареаган, ќе достави навистина необичен предлог-закон за регулација и за намалување на продажбата на цигарите во сојузната држава Хаваи. Според пишувањата на „Њујорк пост“, со оваа промена на законот ќе се забрани продажба на цигари за сите луѓе под возраст од 100 години.

– Законот забележува дека цигарите се најсмртоносната навика во човековата историја. Цигарите се многу опасни и штетни продукти кои ги убиваат половина од своите долгорочни корисници – стои во предлог законот, предложен од Кареаган.

Дополнително, во предлог-законот стои дека жителите сојузната држава Хаваи патат од зависност од цигари, а доказ за тоа се големите суми на пари кои државата ги собира од даноци за продажба на цигари, кои достигнуваат суми од повеќе од 100 милиони долари годишно.

Ако законот биде донесен, постепено ќе се зголемува на легалната граница за продажба на цигарите, на 30 години во 2020 година, на 40 во 2021 година, 50 години во 2022 година, 60 во 2023 и финално, 100 години во 2024 година.

Електронските цигари се исклучени од законот поради тоа што се разликуваат од цигарите и носат помал ризик за предизвикување рак. Пурите и тутунот за џвакање исто така се изоставени од законот.