Групата „Водолија“ деновиве го сними видеозаписот за новата песна, насловена „Само еден“. Музиката, текстот и аранжманот се на лидерот на групата Ристо Апостолов, кој наедно е и режисер и монтажер на овој видеозапис.

За техниката (камера, светло) се погрижи Дејан Станчевски, а кадрите се снимаа во просториите на универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА. Во спотот, покрај Ристо, се појавуваат и стандардните членови на составот: басистот Бојан Митановски и тапанарката Весела Христовска.