Популарната холивудска актерка со мексиканско потекло Салма Хајек во Лос Анџелес ја откри својата ѕвезда на Булеварот на славните, која им ја посвети на своите обожаватели.
Актерката се појавила на настанот во друштво на градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети, кој ѝ е близок пријател, како и актерот Адам Сендлер, со кого заедно глумат во неколку филма.
– Би им рекла на сите да најдат нешто што ќе го сакаат, бидејќи единственото нешто што ме натера да успеам е мојата љубов кон киното. Бидете најдобри во сѐ што правите. Обидете се да бидете сѐ подобри. Обидете се да најдете радост во сето она што правите. Работете напорно. Не е важно што ќе каже некој, туку најважно е да се слушате себеси – истакна Хајек на церемонијата во Лос Анџелес.