Издавачката куќа „Феникс“ годинава организира „Голем саем на книгата“, кој се одржува во четири продавници низ Скопје. Саемот беше отворен на 15 ноември, а ќе трае до 15 декември.

На саемот, кој ќе се одвива под заедничкиот слоган „Книги за сите генерации“, со попусти од 50 до 80 отсто се презентирани над 10.000 наслови за возрасни и за деца. Меѓу понудените наслови се книгите: „Феминизам“ од Андре Мишел, „Фројд“ од Ролан Жакар, антологиите на хорор и крими-приказни, „Јас сум гениј“ и „Ослободување на прстите“ од Салвадор Дали, „Љубов, убавина и слава“ од Енди Ворхол и многу други изданија, а ќе бидат изложени и боенки, сликовници, енциклопедии, лектири за основно и за средно образование, прирачници, хитови и бестселери. На саемот ќе биде промовирано новото списание „Тренд филм“, а ќе биде организирана и трибина на темата „Списанијата денес“ на која ќе бидат претставени и списанијата „Книжевна академија“ и „Учење низ игра“.