Во 30-тите години на 20 век, во САД во сила беше Законот за забрана на продажба на алкохол. Бидејќи луѓето продолжиле да консумираат алкохол по забраната, државните институции решиле да се борат на еден поинаков начин – со смрт. Имено, наредиле да се става отров во индустрискиот алкохол произведен во САД, меѓутоа, и покрај оваа наредба, луѓето продолжиле со консумација, а, како резултат на оваа одлука, умреле околу 10.000 луѓе.