„Дизни“ работи на нова бајка, во која првпат се појавува африканска принцеза. „Куќата на глувчето“ го избра режисерот Рик Фамуива за да го продуцира филмот „Саде“.
Саде е принцеза што има волшебни воени моќи и ги користи за да го заштити своето кралство од мистериозната злобни сили, кои се закануваат дека ќе уништат сѐ околу неа. Секако, принцезата нема да биде сама во својата борба, бидејќи во нејзината авантура ќе ѝ се приклучи и принцот. Па двајцата со заеднички сили ќе се обидат го спасат кралството од пропаст.

„Дизни“ го купи сценариото за Саде од писателите Ола Шокунби и Линдзи Рид Палмер. Двајцата се согласија заеднички да го пишуваат сценариото за младата африканска девојка по име Саде, чие кралство е загрозено.

Станува збор за многу стандардна бајка, вклучувајќи мистериозна злобна сила, принц, и во еден посовремен пресврт принцезата си ги добива сопствените магични сили. И Саде ќе има миленик за најдобар пријател.

Сепак главната цел на филмот „Саде“ е да го одбележи првиот филм на „Дизни“ со африканска принцеза. Со оглед на влијанието што го има линијата на принцези на Дизни во маркетингот и врз младите девојки од целиот свет, ова е голема работа.
По огромните успеси со филмот „Црниот пантер“, каде што главниот протагонист е Африканец, како и режисерот и речиси целата екипа, не е ни чудо што „Дизни“ конечно го прави филмот во кој хероината ќе биде од Африка.

Така што наскоро африканската принцеза Саде ќе им се придружи на Елса, Ариел, Покахонтас, Бела, Џасмин, Пепелашка и Снежана.