Американскиот и рускиот астронаут Ник Хаг и Алексеј Овчињин денеска успешно се спуштија на подрачјето на Казахстан, откако нивната ракета Сојуз се расипа набрзо по полетувањето.

Руската вселенска ракета Сојуз имаше дефект веднаш по полетувањето од Бајконур и двајцата астронаути со капсула со падобран се спуштија некаде на подрачјето на Казахстан.

Сојуз требаше да ги однесе двајцата астронаути до Меѓународната вселенска станица, но според првичните информации, откажале моторите.

Според НАСА, ракетата се вратила на Земјата по слободен пад.