фото: Фејсбук

Русија денеска ја казни компанијата „Мета“, сопственик на „Твитер“ и „Фејсбук“, и „ТикТок“ затоа што не ја избришале содржината што владата ја смета за незаконска, објави московскиот суд.
Москва го засили притисокот врз интернет-компаниите бидејќи, како што велат критичарите, сака да ја прошири контролата врз интернетот, што може да доведе до ограничување на индивидуалните и претприемачките слободи.

Судот пресуди дека „Мета“ мора да плати 177.000 долари, „Твитер“ 150.000 долари, а „ТикТок“ 75.000 долари.

„Мета“ подоцна во декември ќе биде на суд поради кршење на рускиот закон за интернет-содржини и може да биде казнет со одреден процент од заработката во Русија.

Русија го забави Твитер во март поради објавување на детска порнографија, информации за употреба на дрога и повици до малолетници да извршат самоубиство, соопшти државниот регулатор Роскомнадзор.

„Твитер“ ги отфрла обвинувањата дека служи како платформа за промовирање незаконско однесување.