Руска туристка е спасена по 14 часа поминати во море, откако вчера морските струи ја однеле во близина на градот Ретимно на Крит.

Таа успеала да се задржи на површината со помош на душек на надувување и била спасена од брод на европската гранична полиција Фронтекс.

Жената вчера попладне заминала на плажа, а откако не се вратила вечерта сопругот и нејзината ќерка го пријавиле случајот кај властите. Потоа почнала потрага по неа, а за среќа 55-годишната Русинка е пронајдена без никакви повреди.