Ѕвездата од серијата и филмовите за Мистер Бин, британскиот глумец Роуан Аткинсон, повторно ќе се наврати на еден од неговите најпознати култни ликови во новиот анимиран филм за овој лик. Аткинсон првпат го објави ова во интервју за радиото Тајмс, каде што откри дека во моментов е на почеток снимањето на филмот. Наспроти она што некои би помислиле, британскиот актер откри и дека глумењето на Мистер Бин не е толку забавно како што може да изгледа.
– Полесно ми е да го изведувам ликот вокално отколку визуелно. Не уживам многу кога го глумам. Тежината на одговорноста не е баш пријатна. Сметам дека е стресно и исцрпувачко и со нетрпение чекам да заврши – вели Аткинсон.
Шеесет и петгодишниот глумец првпат се појавил во улогата на Мистер Бин во 1990 година, а откако овој лик стана глобален феномен, се појавија многу филмови и книги, а еве сега се снима и анимирана серија. Мистер Бин и натаму е популарен и има повеќе обожаватели на социјалната мрежа Фејсбук од Џастин Бибер.
– Успехот на Мистер Бин никогаш не ме изненади. Да гледаш една возрасна личност како се однесува детинесто, а притоа не е свесна за тоа, во основа е многу смешно – изјавил Роуан за радиото Тајмс.