„Рокетмен“ е епска музичка фантазија и неверојатна приказна за периодот кога Елтон Џон се пробивал кон врвот. Филмот ги следи фантастичното патување и трансформацијата на срамежливиот и талентиран пијанист Реџиналд Двајт до меѓународниот суперстар Елтон Џон.

Филмот, кој е инспиративна, а во исто време и универзална приказна со која многумина се идентификуваат, наскоро ќе стигне и во домашните кина.
Приказната е раскажана преку омилените песни на Елтон Џон, што ги пее Тарон Егертон, за момчето од еден мал град, кој станува една од највлијателните фигури на светската сцена на поп-културата. Во филмот играат и Берни Топин, Ричард Мејден во улогата на првиот менаџер на Елтон Џон, Џон Рид и Брајс Далас Хауард во улогата на неговата мајка.