Доти со своето дете Си

Долго време уште пред да остане бремен(а), Кори Доти знаел(а) на кој начин сака да ги порасне своите деца.

Кога Доти се роди во живописниот град Викторија, во Британска Колумбија, во 1980 година, докторите ја прогласија за дете со женски род. Меѓутоа, тоа не одговараше на она што беше Доти.

– Кога се родив претпоставија дека сум женско, меѓутоа тоа не беше точно – вели Доти, кој(а) се идентификува како лице без род, односно се опишува себеси како некој што не е ниту маж, ниту жена и дека идентитетот и родот не кореспондира со полот што се носи од раѓање.

Кога Доти остана бремен(а) во ноември, 2016 година, реши да не ја повтори грешката од минатото.

Доти реши своето дете Сирил (Си) да не го карактеризира со никаков род.

– Не велам дека ова е правилно, не велам дека Си е момче или девојче. Не знам што ќе биде и што ќе биде важно за него/неа. Важно, има простор за сам да сфати што е. Во мојот свет е правилно детето само да има целосна автономија над својот род – вели Доти.

Денес Си е тригодишно дете, кое има розов велосипед и чита книги од ЛГТБТ-издавачот Фламинго Рампат. Доти го остава Си да се облекува како што сака и во кои бои сака.

Од 2018 терминот за концептот на „дејбис“ (theybies) означува деца што се растени ниту како момчиња, ниту како девојчиња. Ваквиот начин на растење дете е прифатлив за прогресивните родители и веќе почнува да биде препознатлив и кај менјснтрим-културата.