Кралицата Елизабета Втора денес наполни 95 години, помалку од две недели откако почина нејзиниот сопруг, принцот Филип, со кого беше во брак 73 години.

Загубата на кралицата беше потенцирана на погребот во саботата во капелата Сент Џорџ во близина на замокот Виндзор, каде што ликот на вдовица во црно која седи сама, беше всушност вовед во следната осамена фаза од нејзиното владеење.

Засега, монархот со најдолг стаж во британската историја продолжува да владее. Но, тоа ќе го стори без Филип, човекот за кого кралицата велеше дека ѝ дава сила и е извор на емоционална поддршка во нејзината често осамена работа.

Премиерот Борис Џонсон ѝ испрати срдечна честитка со искрени желби на нејзиниот роденден.

– Отсекогаш и највеќе ѝ се одушевував на нејзиното височество и на нејзината служба кон оваа земја и Комонвелтот. Јас сум горд што сум нејзин премиер – напиша тој на Твитер.

Елизабета беше официјално крунисана на 2 јуни 1953 година на 25-годишна возраст, откако нејзиниот татко Џорџ Шести почина ненадејно во 1952 година.