По седум месеци патување, роверот „Perseverance“ на НАСА слета на Марс, со што почнува повеќегодишно пребарување докази за древен микробиолошки живот на Црвената планета.
Мисијата „Марс 2020“, лансирана кон крајот на јули од Флорида, го вклучува најголемото возило некогаш испратено таму.

Првата испратена снимка ја покажува површината на Марс

„Perseverance“, најнапредното летало испратено во друг свет, беше на пат кон кратерот Језеро, наречен по село во Босна и Херцеговина.

Базенот на кратерот широк 45 километри, сместен е во северната хемисфера на Марс. Се разгледуваше како место за слетување за претходните мисии, но се досега се сметаше дека ќе биде премногу тешко да се слета таму.

Инженерите од лабораторијата за реактивен погон на НАСА (JPL) во близина на Лос Анџелес добија потврда за слетувањето и ја добија првата фотографија на Марс во 21:55 часот по средноевропско време.