Во новоотвореното кафуле „РобоКафе“ во Дубаи персоналот целосно е заменет со роботи, пренесуваат медиумите.

Концептот на „РобоКафе“ е идеален за почитување на социјална дистанца, но не е инспириран од актуелната пандемија, бидејќи почнал да се развива како концепт пред повеќе од две години.

Посетителите нарачуваат кај роботи произведени во Германија, кои потоа ја подготвуваат нарачката и ја испорачуваат директно на нивните маси.

– Посетителите нарачуваат преку екран, а потоа сѐ се потпира на вештачка интелигенција – вели Рашид Еса Лота извршниот директор на кафулето.

„РобоКафе“ е креирано со поддршка од владата на Дубаи. Луѓето интервенираат во кафулето само кога има технички проблем или кога треба да се дезинфицира просторот.