Британскиот пејач Роби Вилијамс објасни што имал на ум кога тој го покажа средниот прст кон камерата на церемонијата на отворањето на Светското првенство 2018 пред почетокот на натпреварот Русија – Саудиска Арабија (5:0).

– Во такви случаи, главната работа не е да се предизвика меѓународен конфликт. И јас го направив тоа. Остана уште една минута до крајот на церемонијата. Бев под притисок, бидејќи не знаев што да правам за половина минута. Па покажав дека има уште една минута. Верувај те ми јас не знам што ќе сторам во било која ситуација – појасни Вилијамс.

Претходно, гестот на Вилијамс беше објаснет како самостоен потег на уметникот насочен кон „Британскиот парламент“ поради огромен притисок за наводни негови врски со Владимир Путин.

Светското првенство 2018 се одржува во Русија од 14 јуни до 15 јули.