Роби Вилијамс објави божиќна песна за ковид-19

Новата песна на 46-годишниот пејач и текстописец Роби Вилијамс, насловена „Can’t Stop Christmas“, се однесува на пандемијата на коронавирусот оваа година.
Во текстот на песната, меѓу другото, се вели: „Каква мизерна година, какво време да се биде жив. За жал, некои пријатели исчезнаа, никогаш порано не било вака, како да сме во војна. Дедо Мраз е на санка, но сега и тој е на два метра растојание. На луѓето ќе им треба нешто во што ќе веруваат по една ваква година. Сепак, ништо нема да го запре Божиќ, нема шанси“.
Синглот е дел од новиот двоен албум на Роби, „The Christmas Present“, на кој гостуваат и сер Род Стјуарт, Брајан Адамс, Џејми Калум и Тајсон Фјури.