Британскиот пејач Роби Вилијамс ќе настапи на церемонијата по повод отворањето на Светското првенство во Русија.

Вилијамс најави дека ќе направи незаборавен спектакл. Тој истакна дека е среќен и дека овој настап е исполнување на неговите детски соништа.

-Многу сум среќен и возбуден што се враќам во Русија за таква уникатна изведба. Сум направил многу во мојата кариера, но отворањето на Светското првенство пред 80 илјади фудбалски навивачи на стадионот е исполнување на сечиј детски сон. Би сакал да ги поканам навивачите на фудбалот и музиката да се забавуваат со нас во Русија, на стадионот, или барем да ги вклучат телевизорите малку порано за незаборавно шоу- вели Роби.

На свеченоста, која ќе се одржи пред првиот натпревар на Мундијалот меѓу Русија и Саудиска Арабија, ќе го придржуваат руската оперска пејачка Аида Гарифулина и поранешната бразилска фудбалска ѕвезда Роналдо.

Поранешниот бразилски фудбалер истакна дека првиот натпревар од Мундијалите е секогаш симболичен.