Познатиот холивудски глумец Роберт де Ниро (77) оваа година ќе биде ѕвезда во две нови комедии. Едната од нив е „Патување дома“, која ќе се појави на 13 ноември, а друштво му прават ветераните Морган Фриман и Томи Ли Џонс. Всушност, ова е римејк на истоимениот филм од1982 година и станува збор за двајца филмски продуценти што ѝ должат пари на мафијата.
За да го решат проблемот, тие почнуваат да снимаат филм, со цел за време на снимањето да дојде до несреќа, која би го убила главниот глумец, а тоа би им овозможило да добијат пари од осигурувањето и да го вратат долгот. Меѓутоа, тоа е навистина тешко да се спроведе во дело.
Режисер на комедијата е Џорџ Гало, кој во соработка со Џош Поснер е автор и на сценариото. Во филмот играат и Емили Хирш, Зак Бреф, Еди Грифин и Кејт Кецман.