По одличното видео за песната „Нигде не те наоѓам“, пејачот и композитор Роберт Билбилов има ново музичко парче. Овој пат станува збор за синглот што го носи името „Кој отров“. На официјалниот канал на Јутјуб веќе можете да го најдете и да го погледнете и видеото, а тимот што се погрижи за ова ново хитовско остварување се самиот Роберт (музика и аранжман) и Робин Зимбаков, кој го потпишува текстот.
– Ова е проект на кој сум особено горд и мислам дека е еден од подобрите. Текстот го напиша мојот долгогодишен пријател и соработник Робин и сигурен сум дека имаме хит во најава. „Кој отров“, како и „Нигде не те наоѓам“ се само најава за она што допрва следува, а тоа е албум, мислам дека ѝ должам на публиката нов носач на звук – откри Билбилов.
Кадрите за видеото се снимени во Охрид, а за нив беше задолжен Даниел Јовевски, кој приказната од песната ја долови визуелно на совршен начин, со помош на убавата Елена Гугоска, додека, пак, за целокупниот изглед на Елена и на Роберт се погрижија Даниел Николовски, Цеце Николовска и Викторија Бурсаќ Петров.