Граѓаните и посетителите на Рим наскоро ќе можат да го посетат подземјето на Колосеумот, кое е отворено за јавноста првпат откако е изградено, пишува „Си-ен-ен травел“. Сите заинтересирани ќе можат да прошетаат низ ходниците и да го видат просторот каде што некогаш престојувале гладијатори и животни пред да стапнат во арената.
Хипогеумот тогаш го осветлувале свеќи, но поради уништениот терен, сега низ него се пробива сончевата светлина. Влегувајќи во подземниот свет, посетителите ќе можат да откријат како навистина работел Колосеумот и да создадат појасна слика за тоа како изгледале борбите со гладијатори.
Подготовките за свеченото отворање траат од 2011 година, дел од подземјето беше отворено во 2016 година, а во 2018 година започна големото реновирање. Работите беа накратко паузирани во 2020 година поради пандемијата, а беа завршени во текот на првата половина на оваа година.