Глумецот Риз Ахмед (38) вели дека е многу горд што е првиот муслиман номиниран за „оскар“, во категоријата за најдобар актер.
Познатиот актер дополни дека му е многу драго што добива поддршка од сите страни по објавените номинации.
Тој доби номинација за најпрестижната филмска награда за улогата во „Звукот на металот“ (Sound of Metal), каде што го глуми тапанарот Рубен Стоун, кој полека го губи слухот по настапите во рок-бенд.
Риз се надева дека и муслиманската заедница и заедницата на глуви луѓе добро ќе го оценат неговиот настап на церемонијата овој месец.
– Она што ми е важно е што повеќе луѓе да можат да се пронајдат во овој момент. Тоа е филм што се фокусира на глувите, што навистина недостига во денешните филмови, и ќе ми биде мило доколку тие можат да се пронајдат себеси во овој филм – вели Риз.