Розовото море е туристичка атракција во малото гратче Лас Колорадас на полуостровот Јукатан, во прекрасното Мексико.
Малото рибарско село Лас Колорадас во Јукатан, Мексико, може да се пофали со розова лагуна, опкружена со насипи од бела сол. Тоа ѝ припаѓа на најголемата област со мочуришта на мексиканскиот полуостров, наречен резерват за биосфери Риа Лагартос.
Розовата боја на морето доаѓа од големиот број микроорганизми со изразен црвен пигмент, но и поради зачудувачкото количество на ракчињата артемија.
Невообичаената боја привлекува големо внимание кај туристите, кои во Лас Колорадас се чувствуваат како да се на некоја друга планета.
Покрај фотографирањето за Инстаграм, ретките туристи тука имаат можност да ја посетат и старата фабрика за сол. Слични вакви сцени може да се видат во соленото езеро Којашское на Крим и во некои делови по должината на брегот на Австралија.