Околу 3.800 години стар ѕиден релјеф, кој прикажува змии и човечки глави, бил откриен во Перу, објави официјалната новинска агенција Андина.

Околу 2,8 метри долг и метар висок релјефот бил пронајден на археолошкото наоѓалиште Вичама, околу 110 километри северно од главниот град Лима.

Не него се гледаат четири човечки глави меѓу кои ползат змии. Главите на влекачите се насочени кон семенките на кои им е даден човечки облик.

Археологот татиана Абад за весникот „Ел Комерсио“ појасни дека змиите ги претставуваат водените божества и ја наводнуваат земјата, за да можат семенките да растата.

Се верува дека тогашните жители на Вичама ги нацртале релјефните слики кои го прикажуваат сушниот период поврзан со климатските промени, пишува дпа.

Градот Вичама е изграден меѓу 1.800 и 3.500 година п.н.е., а на археолошкото наоѓалиште се октриени гробници и глинени живеалишта.