Светскиот економски форум (СЕФ) издвои некои од фактите што се случуваат секоја минута на интернет.
Во светот, во текот на 60 секунди се испраќаат 200 мејлови и 69 милиони пораки преку Фејсбук и апликацијата Воцап.
На Јутјуб се објавуваат содржини со вкупно времетраење од 500 часа.
На Инстаграм се објавуваат 695.000 инстаграм-приказни, додека преку Линкдин се остваруваат 9.000 врски меѓу луѓето.
Истовремено во една минута два милиони корисници го користат Тиндер. Во меѓувреме, на „Нетфликс“ 28.000 корисници истовремено гледаат филм или серија на оваа платформа.
На Твитер е објавена содржина од 200.000 луѓе, а од друга страна 1,4 милион луѓе ја прегледуваат содржината на Фејсбук. Секоја минута преку интернет се трошат 1,6 милион долари.
Повеќе од 330 милиони луѓе минатата година користеле интернет првпат. Но речиси 40 проценти од светското население сѐ уште нема пристап до интернет. Тоа може да ги направи уште повеќе социјално и економски заостанати.
СЕФ го започна проектот „Едисон Алајанс“, со кој тие сакаат да придонесат за решавање на овој проблем, а во кој се вклучени владите на повеќе држави и компании.