Околу 2.400 фотографии што ја документираат златната доба од истражувањето на вселената се ставени на аукција во аукциската куќа „Кристи“.

Најголема сензација на аукцијата е необјавената фотографија на Нил Армстронг, снимена за време на мисијата „Аполо 11“ во 1969 година, кога стана првиот човек што чекореше по Месечината.

Во придружба на двата члена од екипажот, Баз Олдрин и Мајкл Колинс, додека чекорел по површината на Месечината, Армстронг ја кажа славната реченица: „Ова е мал чекор за човекот, но е голем за човештвото“.

Во тоа време на ниедна фотографија што ги прикажа НАСА го немаше Армстронг, кој имал задача да стои зад камерата и да прави фотографии.

– На повеќето фотографии од мисијата „Аполо 11“ се гледа Баз Олдрин. Меѓутоа, на крајот од мисијата, Баз ја земал камерата и го снимил Нил. Фотографијата е откриена за јавноста дури во 1980-те години – велат од „Кристи“.

Се очекува фотографијата да чини 30.000 фунти (39.000 долари).

Уште една слика што ќе се појави на аукцијта е селфи од Олдрин, кое го направил за време на мисијата „Џемини 12“ во 1965 година.

Првото селфи направено во вселената

Останатите фотографии на аукцијата ќе бидат од различни фази на истражувањата на вселената, од првите фотографии на темната страна на Месечината, до фотографии од педесетите години на минатиот век, меѓу кои и фотографии од Црвената планета.

Онлајн аукцијата трае од 6 до 20 ноември, 2020 година.