Најмалку три жирафи угинале погодени од струен удар од ниско поставени далноводи во природниот парк „Сојсамбу“ во Накуру, Кенија, пренесува „Би-би-си“.

Кениската служба за заштита вели дека жиците на далекуводот се поставени премногу ниско за жирафите да можат безбедно да одат под нив. Жирафата Ротшилд е еден од најзагрозените видови, додека кениската службата за заштита на природата проценува дека во дивината останале помалку од 1.600. Околу 600 од нив живеат во Кенија.

Кениските електроцентрали потврдија дека ќе ги заменат столбовите во таа област, така што жиците ќе бидат на доволна висина за жирафите да можат безбедно да поминуваат под нив.

Кениската служба за заштита на природата вели дека испратиле претставници да ја испитаат таа област и да утврдат која висина е смртоносна за жирафите.

Бернард Нгуги, директорот на кенијските електроцентрали, во официјалното соопштение вели дека компанијата сериозно ги сфаќа сите несреќи поврзани со електрична енергија“.