Направени се неколку истражувања за тоа кој материјал е најсоодветен за маска за заштита од коронавирусот. Научниците споделуваат едноставен трик. Велат дека за да проверите дали вашата маска за лице е доволно заштитна, потребно е да се обидете да изгаснете пламен на свеќа додека ја носите на лицето. Добрата маска нема да ви дозволи да ја изгасите свеќата.
Овој трик, се разбира, не е стопроцентно докажан метод за тестирање маски ниту, пак, гарантира безбедна заштита, но сигурно може да помогне да се утврди дали маската е добра или не. Откако Центарот за контрола и превенција на болести почна да препорачува задолжително носење маски, истражувачите постојано ги тестираат материјалите за маски, за да се лоцира најдобриот што најуспешнo ќе штити.
Идеалната маска треба да го блокира ширењето на респираторните капки при кашлање и кивање, а тоа е основниот начин на пренесување на вирусот, но исто така треба да блокира и помали честички, аеросоли, кои се шират кога луѓето зборуваат или издишуваат. Маската исто така треба да се закачи околу носот и устата, бидејќи ако има дупка или отвор, капките може да „протечат“ и да заразат друго лице.

Под претпоставка дека маските се носат правилно, одредени материјали постојано покажуваат подобри резултати за време на студиите. Општо правило е дека ткаенината што се користи за изработка на маската треба да е што е можно поцврста, бидејќи оние со поголем број навои подобро ги филтрираат честичките. Исто така, пожелно е маската да има што повеќе слоеви, а Светската здравствена организација препорачува маските од ткаенина да имаат најмалку три слоја: првиот, внатрешниот слој што апсорбира, средниот слој што се филтрира и надворешниот слој изработен од неапсорбирачки материјал, како што е полиестер.
Респираторните и хируршки маски H95 се покажаа како најдобри на тестовите. Kако што сугерира нивното име, тие имаа ефикасност од 95 отсто во аеросолната филтрација. Тие најсилно ги затвораат носот и устата, така што многу малку вирусни честички влегуваат и излегуваат.

Тие исто така содржат сложени влакна за филтрирање патогени во воздухот. Неодамнешното истражување на универзитетот „Дјук“ откри дека помалку од 0,1 процент од капките се пренесувале преку маската Н95 додека носителот зборувал. Што се однесува до маските што се прават дома, истражувањето објавено во јуни покажа дека најдобра алтернатива на хируршките маски се оние направени од кеса за правосмукалка, а потоа следуваат маски од крпи, перници, свила и стопроцентни памучни маици.