Во рамките на прославата на 60-от роденден на моделот „рено 4“, компанијата направи големо изненадување, претставувајќи летачка верзија на овој популарен автомобил. „Рено 4Л“ беше еден од најуспешните производи на „Рено“, со произведени над осум милиони примероци од 1961 до 1992 година, вклучувајќи и еден направен за папата.
За прослава на 60-годишнината од овој модел, „Рено“ се здружи со дизајнерската фирма „Арсенал“ создавајќи ја верзијата за во иднина – квадкоптер со име „аер 4“. Квадкоптерот „рено аер 4“ е симбол на независност и слобода, создаден од сознанието дека сообраќајот станува сѐ покомплициран и дека небото над нас е единствениот излез – велат од компанијата.
Целосно направен од јаглеродни влакна, притоа задржувајќи го истиот надворешен дизајн, кој е дополнително зајакнат поради новиот концепт на движење. Се напојува со батерија од 22.000 мАч, која напојува четири пропелери што генерираат вкупно 380 кг потисок. Максималната брзина на полетување е 14 метри во секунда, но од безбедносни причини е ограничена на четири, додека максималната брзина при летот е 26 метри во секунда. Летачкиот „рено аер 4Л“ може да достигне висина од 700 метри, максималниот агол е 70 степени, а брзината на слетување е три метри во секунда.
Копнената верзија на „рено 4Л“ наскоро ќе се појави како електричен автомобил.