Американската платформа Нетфликс, еден од најпопуларните светски стриминг-сервиси, забележа рекорден пораст и зголемување на бројот на претплатници во првиот квартал од годинава.

Приходот на компанијата во првите три месеци од 2020 г. изнесува 5,77 милијарди долари, што е за 1,25 милијарда повеќе во споредба со првиот квартал минатата година и 300 милиони повеќе во споредба со четвртиот квартал лани.
Како што пренесуваат американските медиуми, растот на Нетфликс е евидентен во двете компарации, што се совпаѓа со предвидувањата, но особено со светската криза поради пандемијата на коронавирусот и мерките за изолација на граѓаните во голем број држави во светот.

Нетфликс пријави и пораст на претплатата на 15,77 милиони налози, што претставува најголем квартален пораст во историјата на компанијата.