Фотографот Мадс Нордсвин од Осло сподели слики од редок бел ирвас, на кој налетал додека бил на прошетка со пријателите во северна Норвешка. Тој вели дека го забележал младиот ирвас во снегот, со што наликувало како младенчето речиси да се претопува со пејзажот и исчезнува, пренесува Би-би-си.

– Ирвасот дојде многу блиску до мене и се погледнавме во очи. Беше навистина смирен откако почувствува дека немам лоши намери. Се однесуваше како да позира за моите фотографии, беше љубопитен и интересен, како некој мал истражувач – вели Нордсвин.

Малиот ирвас се вратил кај својата мајка во блиската шума, а фотографот ја опишува средбата како магичен момент од бајка.

Белите ирваси се многу ретки. Во 2016 година бел елен бил забележан во близина на Мала, во северна Норвешка. Нивниот необичен изглед е предизвикан од генетска состојба која го тргнува пигментот од нивното крзно, но не станува збор за албинизам.

Според некои скандинавски традиции, забележувањето на бел ирвас се смета за знак за среќа.