Техно

Брендот „Редми“ објави неколку детали за својот претстоен паметен мобилен телефон. На 27 април ќе биде претставен нов паметен телефон наменет за гејмерите, кој ќе биде дел од фамилијата „редми К40“. Официјалното име на уредот ќе биде „шаоми редми К40“ (Xiaomi Redmi K40 Game Enhanced Vision) и доаѓа со неколку разлики во споредба со остатокот од фамилијата К40.
Новиот уред има различен дизајн на камерата, задржани се двете големи леќи, но во средината има и трета голема камера, така што нема празен круг. Околу камерата има ЛЕД-прстени, кои ќе светат кога режимот за играње ќе биде активен.
Овој режим ќе се активира со користење физичко копче, кое е поставено веднаш до копчето за камера. Тоа веројатно значи дека копчињата за контрола на јачината на звукот се преместени на левата страна, но не треба да изненадува и ако сите копчиња се на иста страна.