Реге Жан Пејџ ја освои светската публика со улогата на Сајмон Басет, војводата од Хејстингс, во историската драма „Бриџертон“ на „Нетфликс“ и неговите обожаватели сѐ повеќе се залагаат тој да биде замената за Даниел Крег во улогата на британскиот таен агент Џемс Бонд, пренесуваат светските медиуми.

Триесетгодишниот Пелџ е роден во Лондон од татко Англичанец и мајка од Зимбабве, каде што едно време и живеел. Тој минатата недела ја заинтригира јавноста откако на 16-ти декември на Твитер објави видео во костим на војводата, во прилог на кое напиша „регентство, кралство, протресен, неизмешан“, алудирајќи на славната реплика од филмовите за Џејмс Бонд што се однесува на начинот на кој тајниот агент сака да се подготвува неговиот омилен пијалак – мартини.

Други актери кои се поврзуваат со улогата на Бонд се Крис Хемсворт, Мајкл Фасбендер, Том Харди и Идрис Елба. Последниот филм со Крег премиерно треба да излезе во април.