Виртуелната реалност (ВР) е интересна технологија, која наскоро ќе предизвика вистинска револуција во начинот на кој се забавуваме со нашите гаџети.

Во моментов на пазарот има различни класи ВР очила, но нивната цена се уште е висока, за да ги направи вистински пробив на пазарот. Исто така, вреди да се забележи дека бројот на паметни телефони кои поддржуваат ефекти на камерата со проширена реалност (АР) исто така се зголемува. Популарноста на оваа технологија ќе ги постави основите за навлегувањето на поповолни, во однос на цена, ВР уреди.

Новиот извештај на ИДЦ предвидува дека во следните пет години треба да очекуваме значително зголемување на продажбата на гаџети, кои ќе поддржуваат виртуелна и проширена реалност, информира „ВентурБит“. Конкретните бројки покажуваат дека во 2018 година, вкупно 12,8 милиони уреди ќе бидат продадени на глобално ниво, кои ќе ги користат двете атрактивни технологии. Експертите на ИДЦ велат дека со просечен раст од најмалку 50 отсто на годишна основа, оваа бројка ќе достигне 68,9 милиони на крајот од 2022 година. Во овој случај, станува збор за комбинирани вредности, кои влијаат на ВР и АР гаџетите.

Доаѓањето на нови софтверски решенија и помоќен хардвер ќе ја заостри конкуренцијата помеѓу производителите, што ќе ја намали цената на уредите. Корисниците ќе манифестираат најголем интерес за очилата со ВР / АР кои работат самостојно без потреба од поставување на смартфони во нив. Оваа категорија ќе се зголеми од сегашните 14 отсто до над 50 отсто до крајот на 2022 година.