Мистеријата за смртта на ренесансниот сликар и архитект Рафаел, чие полно име е Рафаело Санзио да Урбино, најпосле е решена, тврдат медицинските историчари од универзитетот „Милано-Бикока“.
Славниот уметник починал во 1520 г. во 38-та година од животот, а долго време се претпоставувало за причината за неговата прерана смрт.
Неговиот биограф Џорџо Васари уште во 16 век тврдел дека Рафаел го убила „дестабилизацијата на организмот“ поради премногу секс.

Во модерните времиња како можни причини за прераната смрт на Рафаел се наведуваа: маларија, тифус и сифилис, а сликарот наводно се заразил за време на некоја од многубројните љубовни авантури. Но по сѐ изгледа неговиот живот го прекратила лекарска грешка.
Од историските извори стручњаците заклучиле дека уметникот со денови имал треска, поради воспаление на белите дробови што веројатно ќе го преживеел доколку состојбата да не му се влошела, со примената на тогаш вообичаениот метод, пуштање крв.