Животни

Грижата за кучето бара голема одговорност, особено ако живеете во стан. Мора да се грижите животното да може да води удобен живот во одреден простор. Покрај тоа што се мали, овие раси на кучиња се познати и по тоа што поголемиот дел од времето се опуштени и мирни.

Бишон фризе: оваа раса не предизвикува алергии, брзо учи и се приспособува на новата средина. Тежи нешто повеќе од шест килограми. Сака да си игра со мали деца, иако секогаш треба да имате на ум дека децата никогаш не треба да се оставаат сами со домашно милениче.

Француски булдог: оваа раса во последниве години стана многу популарна. Брзо одење секој ден ќе биде доволно за да го одржите францускиот булдог во форма. Тој ретко лае, што ќе ги израдува вашите соседи.

Мопс: многу лојално куче, кое брзо ќе се приспособи на животот во стан. Може многу лесно да се дресира, исто така ретко лае и многу спие. Тој е симпатичен и затоа ќе се обиде да ви се допадне не само вам и на децата туку и на другите миленичиња. Љубовта кон храната и мрзеливоста може да го доведат до дебелина, затоа обрнете внимание.

Малтезер: има неколку карактеристики што го прават совршен за живеење во стан. Тоа е релативно мирната енергија и не бара посебен режим на секојдневни активности. Кратка прошетка ќе биде доволна. Се согласува со други видови кучиња, но и мачки. Малтезерите обично тежат помеѓу четири и шест килограми.