Еден од најоригиналните музичари од регионот, Рамбо Амадеус, гостувајќи во емисија на една српска телевизија откри дека редовно посетува психијатар, пренесува магазинот „Недељник“.  

„Мојот психијатар вели дека ништо не ми фали. Го посетувам редовно. Вели дека ништо не треба да менувам. Но ако сум екстремно инетелигентен нема да седам со вас во емисија, сигурно ќе бев на јахта со Ротшилд“, вели музичарот чие вистинско име е Антоније Пушиќ.

Во емисијата тој ги коментира и политичарите за кои вели дека му се колеги од естрадата само што имаат повеќе пари и немаат смисла за хумор.

– Немаат смисла за хумор, не се смеат, тоа е главниот проблем. Само се смеат на билбордите, кога се сликаат за предизборна кампања. Политичарите ми се колеги од естрадата, имаат само пари за билборд, а јас немам ни за плакат – оцени музичарот.

Една од легендарните изјави на славниот уметник е онаа кога вели дека национализмот е тема за луѓе со плата до 300 евра.

– Тоа е еден магичен круг во кој на луѓето со мали плати им се сервира таа приказна како утеха. Мора да имаат утеха – вели Рамбо Амадеус.