Научниците заклучиле дека процесот на влечењето на камените блокови при изградбата на пирамидите се одвивал многу побрзо отколку што било сметано досега, во текот на истражувањето на древните натписи во пирамидата во Гиза, Египет, пренесува британски „Гардијан“.

Според англиско-францускиот тим археолози, за изградбата на големата пирамида од Гиза била користена многу повисока рампа за влечење на камените блокови, па затоа се смета дека и времето за изградба била пократко.

– Употребата на скали и столбови од две страни укажува дека градителите имале разработен двонасочен систем на влечење, што овозможувал истовремено да работат поголем број луѓе и процесот да се одвива многу побрзо, но сепак, во изградбата учествувале огромен број луѓе – изјавил д-р Роланд Енмарч, професор по египтологија на Универзитетот во Ливерпул и еден од водечките луѓе на проектот.

Тимот, во кој е вклучен и д-р Јанис Гордон од францускиот Институт за ориентална археологија (ИФАО), планира да ги објави откритијата, до кои дошле во септември, во блиска иднина.

Според натписите, овој принцип на работа на рампата е од периодот на фараонот Куфу, градителот на Големата пирамида, но сè додека не постои доказ за изградбата на пирамидата, може да се претпостави дека ваквата техника се користела при изградбата во Египет.