Можно е на Млечниот Пат да постојат 36 цивилизации, кои активно емитуваат радиосигнали во космосот, тврдат британските астрофизичари, пренесува „Танјуг“. Иако не постојат директни докази за постоењето на интелигентни вонземски облици на живот, научниците сметаат дека под претпоставка, како и на Земјата, за развој на интелигентни облици на живот, и на другите планети да биле потребни околу 5 милијарди години, бројот на активни цивилизации во нашата галаксија би можел да изнесува повеќе десетици.

До оваа претпоставка научниците дошле посматрајќи ја еволуцијата на космичко ниво, со помош на пресметка наречена „астробиолошка коперниканска граница“. Меѓутоа, тие тврдат дека, во случај таквите цивилизации да се рамномерно просторно распоредени во галаксијата, најблиската потенцијална вонземска цивилизација, која учествува во таквата комуникација од Земјата е оддалечена 17.000 светлосни години. Поради тоа комуникацијата со неа од нашата планета е практично невозможна.
Исто така, минимална е веројатноста космичките ѕвезди на кои се одвива некаков живот, по својата маса да личат на Земјата.

Повеќето од нив е можно да се нестабилни ѕвезди, кои се вбројуваат во таканаречените „црвени џуџиња“, наведува „Скај њуз“.
Со оглед на тоа дека времето за опстанок на живи суштества или какви било начини на живот на нив би биле ограничени, тоа наедно значи дека е мошне веројатно оти нашата цивилизација е единствена што постои во нашата галаксија, велат научниците.