Познатиот британски радиоводител Гевин Форд, кој живее во Либан, вчера бил пронајден мртов во неговоот стан во градот Бејт Мери, источно од либанскиот главен град Бејрут, соопштија локалните власти.

Форд работеше за либанското Радио 1 од 90-те години на минатиот век и беше многу популарен меѓу слушателите. Според неговата Фејсбук страница, вчера тој требаше да го прослави 65. роденден.

Првичните информации говорат дека се работи за убиство со задушување, но официјано, не се откриваат детали. Истрагата е во тек.