Богатите повеќе сакаат да го поминат времето со семејството и пријателите

Кога ќе се спомне богатство, обично помислуваме на бунди, луксузен накит, скапи часовници… Сиромашните и граѓаните со средни приходи се во состојба со години да штедат пари, некои дури се подготвени да земат и кредит, да одат во минус, сѐ за да си ги дозволат овие работи. Но богатите луѓе, всушност, воопшто не го покажуваат својот статус на овој начин! Многу од луѓето во никој случај не разбираат дека следниве работи воопшто не се одраз на богатите, туку на озборувањата. Покрај тоа, богатите луѓе никогаш не би дале пари за ова!

Златен накит
Богатите и модерни жени носат златен накит многу умерено. Она што им е најважно е квалитетот на нивниот накит и тие се одлучуваат за дискретни парчиња.
Облека и обувки од скапи брендови
Повеќето од богатите луѓе во својот плакар чуваат многу „обични“, класични парчиња, како што се класични фармерки, кошули или едноставни џемпери, како што носи Бил Гејтс. Тој, на пример, носи часовник од 10 долари, иако има пари да си дозволи што сака. Наместо да купуваат облека со познати потписи, богатите луѓе претпочитаат патувања и забава.

Пластична хирургија
Овој вид разубавување е доста популарен во целиот свет. Кога се појави, сите сакаа да имаат совршено тело и лице, без ниту еден недостаток. Додека претежно жените со просечен приход се откажуваат од сè за да стават силикони во усните или слично, богатите жени имаат тенденција да го негуваат својот природен изглед.

Капути со крзно и бунди
Познатите дизајнери и нивните богати клиенти одбиваат да носат крзно, пред сѐ од етички причини. Сепак, многу дами крзнените палта и бундите сè уште ги сметаат како знак за луксуз.

Премногу детали и украси
Минимализмот е она кон што се придржува секој богат и успешен човек кога станува збор за неговиот дом. Тие претпочитаат едноставност во дизајнот на ентериерот и не сакаат да губат време да избираат и купуваат мебел. Тие повеќе сакаат да го поминат тоа време со семејството, пријателите или да работат на нови деловни идеи. Наспроти нив, „средната класа“ сака да го наполни домот со трендовски парчиња мебел и многу детали.

Луксузни автомобили
Денес богатите луѓе нема да го потрошат своето богатство на нови луксузни автомобили, доколку оние што веќе ги поседуваат ги исполнуваат нивните потреби. Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, вози просечен автомобил со рачен менувач и вели дека никогаш не се грижел дали неговиот автомобил изгледал скапо.

Безброј играчки за деца
Успешните и богатите луѓе со текот на времето сфатија дека купувањето премногу играчки може само да им наштети на децата. Научните истражувања го потврдија ова. Тие претпочитаат нивните деца да поминуваат повеќе време со нив наместо со играчки. Од друга страна, пак, во домовите на луѓе со просечни примања, децата практично се преплавени со играчки. Поради ова, денешните деца немаат време да фантазираат и посакуваат, затоа што нивните желби се исполнуваат премногу брзо, а родителите со насмевка на лицето остануваат со празен паричник.