Германска студија открила дека работата од дома за време на пандемијата на коронавирусот повеќето работници ја доживуваат како позитивна промена, затоа што работењето од дома доведува до помалку стрес и до поголема продуктивност.
– Вработените што за време на корона-кризата се префрлија да работат од дома, поретко се наоѓаат под стрес и се попродуктивни – се вели во студијата спроведена од институтот „Форса“ и ИГЕС за компанијата за здравствено осигурување ДАК.
Пред појава на пандемијата, 21 отсто од испитаниците изјавиле дека биле под стрес на работното место, додека за време на кризата предизвикана од коронавирусот истото тоа го тврделе само 15 отсто.

Меѓу оние што, пак, во меѓувреме редовно работат од дома, 56 проценти рекле дека се чувствуваат попродуктивно дома отколку на работното место. Понатамошните позитивни ефекти од работењето од дома се подобро усогласување на работата и семејството (според две третини од испитаниците), а додека истиот удел на испитаници како особено позитивен ефект го навеле тоа што не мора да патуваат до работа. Дури 76,9 проценти од испитаниците изјавиле дека би сакале да ја задржат таквата форма на работа во иднина.
– Работата од дома не само што го намалува ризикот од инфекција туку се грижи и за менталната рамнотежа – вели директорот на ДАК, Андреас Сторм, за ДПА.